ВИДЕО: Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров.

Поради несреќата, сообраќајот е во прекин токму кај надвозникот пред населбата по што се создаде колона од возила од двете страни долга по неколку километри.

Патот кон Даме Груев и околните населби и обратно веќе еден час е во целосен прекин.

Луѓето се симнуваат од автобусите и пеш го продолжуваат патот кон нивните домови.

Моментално на терен е екипа на Министерството за внатрешни работи која ги испитува причините за несреќата.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа има неколку повредени.

Дронот на Телевизија Нова направи ексклузивни снимки од сообраќајката.