ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Автомобил со голема брзина утрово удрил во бандера кај Даре Џамбаз во Кисела Вода при што се запалило возилото, објави Сител.

На местото интервенирала противпожарно возило, а возачот со возило на Итната помош е префрлен во болница.

Се уште не е познат идентитетот и здравствената состојба на повредениот возач.