Македонија

ВИДЕО: Тетово под вода, поплавите направија хаос

ВИДЕО: Тетово под вода, поплавите направија хаос
Петта жртва на невремето во тетовско - пронајдено тело на маж

Силното невреме кое вчера го зафати полошкиот регион го стави Тетово под вода. Во свлечиштата и поплавите предизвикани од поројните дождови животот го загубија четири лица, а шестгодишно девојче се води како исчезнато. Станува збор за Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово.

Предизвикана е и голема материјална штета. Оштетени се неколку возила, а свлечиштата носеле се пред себе.

Исчезнато шестгодишно девојче

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски вели дека телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.

Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.

Нови три жртви на невремето во тетовско
Нови три жртви на невремето во тетовско
По големо невреме, стивнува дождот во тетовско
По големо невреме, стивнува дождот во тетовско
По обилните врнежи се излеа реката Пена
По обилните врнежи се излеа реката Пена
Четири жртви во силното невреме во тетовско
Четири жртви во силното невреме во тетовско
Груевски во Тетово - Бројот на жртви се зголемува
Груевски во Тетово – Бројот на жртви се зголемува

Тетово под вода, свлечиштата носеле објекти

Четири возила се оштетени од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Однесен е и Вратничкиот мост меѓу горно Орашје и Нераште, информираат од полицијата.

 


По силното невреме во Тетово, премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Направи увид директно од терен, разговараше со надлежните и ги посети повредените во силното невреме во Тетово хоспитализирани во тетовската болница.

Груевски ги посети повредените во силното невреме во Тетово
Груевски ги посети повредените во силното невреме во Тетово

Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот Пешевски, министерот за одбрана Јолевски и министерот за внатрешни работи Чавков се упативме на местата погодени од поплавите. Бевме во Голема Речица и таму состојбата е навистина лоша. Од разговорите со жителите ми беше кажано дека дошло до излевање на реката од надојдените води. Има и информации за жртви и сакам да им упатам сочувство до семејствата на настраданите, изјави доцна синоќа премиерот Груевски по посетата на болницата.

Состојбата е најлоша во Шипковица, каде што екипи се веќе на терен и ги санираат штетите од вчерашното невреме во Тетово.

Поплавите во тетовско направија огромни штети

Ние ќе одиме да видиме каква е состојбата. Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски.

За денеска е закажана и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи и невреме на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.

 

 

Повеќе за силното невреме во Тетово  прочитате на овој линк:

Силното невреме во тетовско зеде четири жртви