ВИДЕО: Тежок нокаут од Заев за самиот Заев!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев самиот себе си зададе тежок удар. Паднаа во вода сите негови обвинувања за изборни нерегуларности и притисоци. Заев самиот знаел дека ќе ги изгуби изборите. Тој многу добро бил свесен дека ќе поднесе пораз, а тоа самиот го признава, пишува Курир.

Лидерот од Бихаќка шест месеци ја држи во заложништво целата македонска јавност. Тој врши притисок и уценува со материјали кои незаконски ги поседува. Сака да ги манипулира и заплаши оние од кои ја бара довербата.

Но, Заев самиот си го нанесе на себе нокаутот. Заев ја лаже јавноста дека имало изборни фалсификати и нерегуларности.

Не само тој, туку цело партиско раководство биле свесни дека ниту на минатите избори, како и на низа изборни циклуси пред тие, нема да ја добијат довербата од македонскиот народ.

Тоа јасно се потврди во видеото кое вчера излезе во јавност. Заев лично признава дека бил свесен за изборниот пораз. Знаел дека СДСМ има далеку помала доверба од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се гледа на снимката, Заев пред Груевски вели дека владејачката партија има 8 проценти предност пред опозицијата. Тоа го дознал дури и од анкетите кои сам ги нарачува и во кои верува.

Никој не може да му биде крив на наследникот на Бранко Црвенковски затоа што со години граѓаните му кажуваат НЕ на избори. Залудни се неговите обвинувања. Народот многу добро знае како и за кого гласал на избори и дали некој му вршел притисок.

Осум отсто од гласачкото тело е речиси 150.000 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве го нивниот разговор:

ГРУЕВСКИ: Чекај Зоран, ти правеше ли анкети пред избори?

ЗАЕВ: Правев

ГРУЕВСКИ: Што кажуваа, ајде искрено

ЗАЕВ: Дека водите

ГРУЕВСКИ: Колку водиме?

ЗАЕВ: 7 отсто, 8 отсто

ГРУЕВСКИ: Веруваш ти во тие анкети? Што ти си ги порачал?

ЗАЕВ: Па да

ГРУЕВСКИ: Како да ти кажам, дека атмосферата беше таква дека… победуваме ние, како да ти кажам.

ЗАЕВ: ОК…

Заев си дозволи себеси да оди спроти државниот интерес на Македонија. Тој сака да дојде на власт без избори, спротивно на волјата на македонските граѓани.

Анкетите покажаа, граѓаните одлучија, а и Заев самиот знаел дека ВМРО-ДПМНЕ има далеку поголема доверба од онаа на СДСМ.

Заев дрско се вмеша во приватноста на граѓаните, им пласира незаконски стекнати креирани материјали и ги држи во заложништво. Дали СДСМ на овој начин сака да ги казни граѓаните затоа што не го заокружуваат нивниот број на гласачкото ливче?

Со едно смислено сценарио на штета на државата, Заев во соработка со странските служби, нанесе удар на македонското национално ткиво. Неколку пати фатен во лага, лидерот на СДСМ се закопуваше себеси. Со крената глава ги манипулира граѓаните фрлајќи им “бомби“. Материјали кои се експресно побивани,

СДСМ должи неколку одговори на јавноста, но познавајќи го профилот на луѓе на врвот на опозицијата, јасно е дека такви одговори нема да добиеме.

Заев треба да одговори зошто го бојкотира Собранието и не ги признава изборните резултати, кога знаел дека изборите ќе ги изгуби!

СДСМ треба да и се извини на јавноста што стана инструмент и соучесник на странски служби кои се непријатели на Македонија!

Заев должи одговор зошто продолжува да одработува за туѓи интереси и свесно прави раздор меѓу луѓето!

Никој не му е виновен на струмичкиот градоначалник што неговата партија нема капацитет да направи програма со која ќе примами гласачи.

Човекот кој претендира да стане премиер на Македонија се однесува срамно, навредува, лаже и манипулира.

Зоран заев знаел дека ќе ги загуби изборите. Бил свесен дека граѓаните во блиска иднина нема да му ја дадат власта во раце. Целото негово однесување во моментов е резултат на ваквата реална состојба што внесува очај во СДСМ.