ВИДЕО: Тие би му помогнале на бизнисмен, но не и на бездомник!

Дали би му помогнале на некој кој лежи на улица?  Дали притоа би воделе сметка за тоа дали безмоќниот човек е бездомник или бизнисмен?

Еден ваков експеримент е направен на улица во Париз, а целта била да се види реакцијата на минувачите кон личноста која лежи на асфалтот, во зависност од тоа во какво издание е.

Прво, мажот бил преправен како бездомник. Во еден момент, мажот започнал да се преправа дека му е лошо и да кашла, а набрзо потоа и паднал на земја, во желба да провери дали некој ќе му помогне. За жал, луѓето само поминувале, некој го погледнувал, но никој не му пришол.

Во вториот случај, ситуацијата била иста, само што мажот ја презел улогата на бизнисмен, а неколку луѓе веднаш дотрчале да му помогнат.

Како би постапиле вие?