ВИДЕО: Тинејџер под закана со пиштол ограбил три банки

Сигурносните камери снимиле два драматични грабежи на банки во Белград под закана со пиштол.

Полицијата го уапсила Л.Н. (19) поради сомнение дека на крајот на минатата година под закана со пиштол тој ограбил три банки, соопшти денеска српското МВР.

Осомничениот се терети дека во ноември и декември 2014 година ги ограбил експозитурите на Алфа банка и Комерцијална бака, кога украл 1.170.000 динари и 2.700 евра.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изнесен пред јавниот обвинител во Белград.