Свет

ВИДЕО: Тинејџерка претепана па запалена жива во Гватемала

ВИДЕО: Тинејџерка претепана па запалена жива во Гватемала

16-годишна девојка во Гватемала прво била претепана, а потоа запалена по обвинувањата дека убила таксист, пишува британски Индипендент, пренесува МКД.мк.

Низ Гватемала се шири навистина вознемирувачко видео на кое група „одмаздници“ со раце и нозе ја удираат девојката. По претепувањето, здивената толпа ја полеала девојката со бензин и ја запалила. Несреќната девојка се грчи од болки и на крајот умира.

Линчот се случил во село во општината Рио Браво. Според гватемалскиот портал Тиемпо, девојката била обвинета дека била дел од групата што го убила 68-годишниот таксист Енрике Гонзалес Нориега. Остатокот од нејзината група потоа избегал, а девојката била фатена, по што следувал линчот.

Полицијата пристигнала на местото на настанот кога сè било завршено и сè уште ја нема идентификувано девојката.

Ова е, за жал, само дел од потресните приказни од Гватемала, која има голем проблем со уличните банди, убиства, корумпираната полиција и, во крајна линија, со вакви случаи на здивени толпи луѓе.