ВИДЕО: Топ 10 суперколи клонирани во Кина

Законите за патентирање во Кина се толку многу флексибилни што им дозволуваат на тамошните автомобилски производители буквално клонирање на некои од светски најпознатите брендови на возила. Речиси секој светски познат суперавтомобил, како на пример „Ленд Ровер“, „Ролс Ројс“, БМВ, „Џип“, „Порше“, „Мерцедес“, „Ферари“… добива своја идентична кинеска копија.

Во видеото се опфатени 10 примери на кинески копии на возила, изложени на „Шангај Мотор Шоу 2017“.

Прв на листата е  Сужу Игл – електрично возило кое смешно изгледа како „Порше“. Најсмешно е тоа што предните светла на овој автомобил всушност се копија од моделот „Калифорнија Т“ на популарното „Ферари“. Каков хибрид!

Следно на листата е концептот БАИЦ, кое всушност е комбинација на две светски познати СУВ возила – „Рејнџ Ровер“ и „Џип Гранд Чироки“. Потоа идентична копија на „Рејнџ Ровер Евог“, но со своето кинеско име „Ленд Винд Х7“.

И најважното, сите клонови се со двојно пониска цена од своите оргинали. Но, сепак не се залажувајте, голема е разликата од оригналните светски супер коли до нивните кинески копии. И тоа буквално во секој поглед.

Дали вие сепак би купиле таков автомобилски клон?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.