Свет

(Видео) Торнадо крена куќа во воздух во Небраска

(Видео) Торнадо крена куќа во воздух во Небраска

Брачен пар од Небраска побегнал во подрум со синот и ќерката кога почнало невремето. Торнадото ја зафатило нивната куќа, ја креанло во вис и ја свртело за 180 степени, а семејствотот поминало без повреди.

Силно торнади на 16 јуни го уништило местото на кое живееле 350 луѓе и однело два живота. Семејството Пилгер преживеало, но нивната куќа е уништена.

Кога завршила бурата, таткото го затекнал синот со бетонски блок во скутот, додека ќерката била под рушевините.

„Мислев дека е мртва, но тогаш таа стана и почна да плаче. Ми олесна“ рекол таткото.

Неговата сопруга, среќна што никој не е повреден и се радува што владата ќе ја финансира поправката на куќата.