ВИДЕО: Торнадо во Атина, едно лице загина, а едно исчезна

Торнадо во Атина. Вчера утрото во Атина се појави овој сосема неочекуван феномен. Покрај невремето и силниот ветер, грчкиот главен град беше погоден од торнадо.

Голем број жители на градот го набљудувале феноменот и го снимиле со камери.


Инаку во невремето што во последното деноноќие ја зафати Атина, предизвикана е огромна штета, едно лице загина, едно е повреден и едно се води за исчезнато.

atina-2.jpg-500

Поради обилните врнежи голем број од улиците во Атина се претворија во реки. 40 годишен маж загина откако со автомобилот во кој бил со неговата мајка, се заглавиле во водите на една улица и удриле во паркиран камион. Според грчките медиуми, двајцата се обиделе да излезат од автомобилот.

На почетокот биле смирени, возачот успеал да го скрши прозорот на совозачкото место за да ја извади неговата мајка. 75 годишната жена ја повлекла водата и по 400 метри била спасена. Меѓутоа, нејзиниот син ја немал истата судбина. Водата, веројатно го повлекла кон камионот, се заглавил под тркалата и починал. Сепак, официјално не е соопштена причината за неговата смрт.

atina.jpg-500

Од вчера во тек е потрагата по 40 годишна жена која исчезна во периодот додека траеше невремето во Атина. Со својот автомобил тргнала да ги земе децата од училиште, но не стигнала. Сопругот го пријавил исчезнувањето во полиција,постојат сомневања дека се заглавила на некоја од улиците кои што беа поплавени, а според грчките медиуми, противпожарната служба пронашла превртен автомобил, и постојат сомневања дека е на исчезнатата, а потрагата се уште трае.

Над 4.000 повици примила противпожарната служба од заглавени возачи во своите автомобили, од граѓани со проблеми од дождот, но и за пријавување на паднати дрва.

Невремето кое започна вчера, а продолжува и денес, урна трикатна зграда во Атина, остави и огромна материјална штета, а на удар беа и други делови од Грција.