понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Торнадото во Далас однесе осум животи

tornado-1

Последни вести

Осум лица го загубија животот во поширокото подрачје во Далас што беше погодено од повеќе торнада кои зад себе оставија значителна материјална штета, соопштија денеска локалните власти.

Вкупниот број на жртви на бурата која доцна синоќа ги погоди јужните држави во САД, Мисисипи, Тенеси и Арканзас, за време на божиќните празници се зголеми на 25.

Најмалку осум лица загинаа кога невремето го зафати густо населеното урбано подрачје кое ги опфаќа Далас и Форт Ворт, кое во исто време остана и без електрична енергија.

Градските власти на Гарланд во Тексас соопштија дека во тој град загинале пет луѓе, откако нивните возила се нашле во торнадото, како и одреден број луѓе се повредени во невремето.

Торнадата, за кои локалното население наведува дека биле најмалку четири, прекинувале електроводи и соборувале столбови, по што околу 50.000 луѓе останале без струја, објави весникот „Далас морнинг њуз“.

Уште три лица загинале во инциденти предизвикани од бурите во округот Колин, јужно од Далас-Форт, наведе весникот, повикувајќи се на информации од полицијата.

Милиони жители на југот на САД во моментот се опоравуваат од последиците на силните бури и поплави од претходните денови, предизвикани од невообичаено топлото време за овој период од годината.

Најчитани вести