Магазин

(ВИДЕО) Традиционално натпреварување во расплакување бебиња

(ВИДЕО) Традиционално натпреварување во расплакување бебиња

Во Јапонија беше одржан уште еден традиционален натпревар во расплакување на бебиња. Стотици бебиња постари од шест месеци до 18 месеци учевствуваа на оваа манифестација во храмот Ируги во Токио. Нивните родители задоволно ги набљудуваа сумо борачите во обид да ги расплачат.

Станува збор за ритуал стар 400 години за кој Јапонците веруваат дека носи здравје.

„Плачот на бебето мора да биде силен за Бог да го слушне, а родителите се надеваат дека нивните мали ќе пораснат здрави и јаки,“ изјави за АФП Јошими Морита, еден од свештениците во храмот каде се слушал детски плач.

Тој објасни дека задачата на борачите е да ги расплачат бебињата држејќи ги во воздух правејќи гримаси и испуштајќи страшни звуци.