ВИДЕО: Третиот напаѓач од аеродромот во Брисел по кого се трага

По фотографијата од безбедносната камера на која се гледаат тројцата напаѓачи од аеродромот Завентем, федералната полиција објави и видео снимка од третиот напаѓач по кого сеуште се трага.

Човекот што на јавноста и’ е познат како „човекот со шапката“ е осомничен дека учествувал во нападот на аеродромот минатиот вторник. Тој е заедно со Наџим Лашруи и Ибрахим Ел Бакрауи пред да ги детонираат бомбите на аеродромот. Ова е видео снимката што беше објавена од полицијата.

Полицијата побара помош од јавноста и ги замоли сите оние што можат да го идентификуваат напаѓачот да ја контактираат истрагата. Иако дел од медиумите веќе пишуваа дека Фаисал Шефоу е човекот со шапката, но оваа нова видео снимка покажува дека напаѓачот сеуште не е идентификуван.