ВИДЕО: Три сонца над Монголија

Граѓаните во Монголија денеска присуствуваа на несекојдневен спектакл – на небото блеснаа три сонца.

Станува збор за феномен добро познат на метеоролозите, оптичка појава наречена „лажно сонце“, кога две светли точки се гледаат од двете страни на сонцето на иста висина над хоризонтот. Набљудувачот тогаш има впечаток дека гледа две или три сонца. Оваа појава настанува кога зраците од сонцето се рефлектираат низ ледениот воздух, така што настанува илузија како да постојат три сонца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.