ВИДЕО: Тригодишно слепо дете е гениј за музика

Тригодишниот Бранко Дворецски од Словачка, кој е роден слеп е гениј за музика.

Има вроден талент за музика, а започнал да свири од две години, по слух, водејќи се по мелодија од нему омилен анимиран филм.

Една година подоцна, момчето ги воодушевува роднините и соседите со свирење популарни нумери, како и дела од класичната музика, меѓу кои и дел од композициите „Тристан и Изолда“ од Вагнер и „Лебедово езеро“ од Чајовски.

Малиот Бранко веќе одлично се снаоѓа со клавирот, иако до сега немал можност да посетува часови за тој инструмент.