ВИДЕО: Трогателна средба по 60 години на семејства од Сeверна и Јужна Кореја

Многу солзи и емоции на постарите жители на Северна и на Јужна Кореја, кои биле разделени шест децении, вчера за првпат се сретнаа на Дијамантската планина.

Околу 80 стари Јужнокорејаци патуваа по снежното невреме за да се сретнат со 180 Севернојкорејци. Членови на исти семејства се разделени за време на Корејската војна, која траеше до 1953 година.

Северна и Јужна Кореја на 14 февруари се договорија да овозможат средба на членовите на разделените семејства  во текот на Корејската војна. Средбите, според планираното ќе се одржуваат до 25 февруари.

Дел од нив се немале видено од почетокот на педесеттите години од минатиот век, а многумина за првпат се видоа со членовите на своите семејства.

Од регистрираните 128.000 жители на Јужна Кореја, 44 отсто  веќе се починати, а 80 отсто  од преживеаните се постари од 70 години.

Ова е историска сребда, која траеше само 11 часа, будно набљудувана од властите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.