ВИДЕО: Трогателно обраќање на еден татко

Трогателната приказна на еден татко стигна до Марк Цукерберг.

Откако Фејсбук по повод својот  десетти роденден ги објави мини филмчињата за секој корисник, Џон Берлин се обрати до Марк Цукерберг. Тој во својата трогателна порака поставена на Јутјуб низ солзи истакна дека сака да го погледне филмчето на неговиот син кој починал пред две години.

Таткото побара од основачот на Фејсбук да овозможи да го погледне филмчето на покојниот син.

Откако неговото видео го споделија многу Фејсбук корисници, Џон напиша дека го контактирале од Фејсбук и дека неговата желба да ги погледне фотографиите од синот ќе биде исполнета.