ВИДЕО: Тројца мажи убиени во престрелка во центарот на Тирана

Тројца мажи се убиени во престрелка која се случила вчеравечер во центарот на Тирана, јавува порталот Албанијањуз.

Како што информира порталот од автоматска пушка било пукано во џип во кој имало тројца мажи.

Еден од мажите починал на самото место, додека другите двајца се обиделе да побегнат со возилото, но биле ранети и починале на пат кон болница.

Полицијата во Тирана уапсила двајца осомничени за нападот, и уште тројца осомничени за помагање на напаѓачите.