ВИДЕО: Тројца повредени во сообраќајка во Скопје

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случи во Скопје. При несреќата возило се преврте на булеварот Александар Македонски во близина на хотелот Континентал.

Од полицијата сеуште не соопштуваат детали за несреќата.

Најверојатна причина, според очевидците е неприлагодената брзина. Повредените се префрлени на скопските клиники.