ВИДЕО: Тунел што го враќа времето наназад

Тунелот во провинцијата Гуизхоу во Кина е под истрага откако стотици лица пријавиле дека кога ќе влезат во 400 метри долгиот објект се враќаат назад во времето, пишува „Дејли Експрес“.

Поголемиот дел од луѓето пријавиле дека времето се враќа еден час наназад за време на возењето низ тунелот, а часовникот на нивните мобилни телефони се враќа наназад за точно 60 минути.

Овој феномен станал толку познат што еден новинар кој работи за вечерните вести на Гуи Јанг одлучил да изведе еден експеримент. Тој возел низ тунелот (што се поминува за пет минути) десет пати и увидел дека времето се враќало назад во осум наврати додека го преминувал тунелот.

Засега нема официјално објаснување за овој феномен, а за него се појавуваат голем број шпекулации. Погледнете го видеото!