ВИДЕО: Тупак е жив – Нови фотографии ги подгреваат тврдењата дека раперот не е мртов

Уште од неговата смрт во 1996-тата постојано се појавуваат теории дека Тупак Шакур всушност е жив и здрав и дека се крие на Куба.

Најголемиот број од тврдењата на луѓето што велат дека го виделе раперот или го фотографирале, се покажале како обработки, но на Јутјуб деновиве се појави видео, чијшто објавувач тврди дека е непобитен доказ дека раперот е жив.

На видеото се гледа селфи фотографија од човек што носи марама и кој премногу потсеќа на убиената хип хоп ѕвезда.

Tupac

Во забелешките во видеото се вели дека  оваа фотографија е направена во 2015-тата  година од телефон што е произведен во 2011-тата, цели 11 години по смртта на раперот.

Нема информации каде е направена фотографијата.

Минатата  година полицаец во пензија Дејвид Мајер на смртната постела   рече дека земал 1, 5 милиони долари за да му помогне на Тупак да ја сиценира сопствената смрт.

Н аводно, вкупно 30 лица биле потплатени за да  му помогнат да ја исценира смртта, меѓу кои полицајци,  медицински лица и сведоци…

Дали е ова двојник или раперот навистина е жив, проценете сами…