ВИДЕО: Џебовите на уапсениот доктор полни со евра

Познатиот офтамолог уапсен вчера, кој до неодамна беше хирург на Универзитетската клиника за очни болести, а од пред два месеци премина во приватна здравствена установа, бил приведен од полицијата под сомение за корупција и противзаконско примање на околу 2.000 евра од пациент, кому  му ветувал дека ќе посредува за побрзо да добие инвалидска пензија.

Оштетениот пациент се лекувал на очната Клиниката каде што лично докторот му констатирал дека тој повеќе не може да работи и дека исполнува услови за инвалидска пензија. При, тоа, офтамологот од пациенот побарал 2.000 евра, за побргу да ја „истурка“ работата за добивање на пензијата, која всушност и законски му следувала.

Пред апсењето на докторот, тој неколку пати се сретнал со оштетениот, за да на крај се договорат, парите да му ги предаде во еден угостителски објект, во близина на меѓуградската автобуска станица. Во меѓувреме, оштетениот пациент случајот го пријавил во полиција.

Откако вчера докторот ги примил обележаните банкноти, тој бил веднаш уапсен.

Врз основа на целокупниот доказен материјал, против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава, а тој веќе е изведен и пред надлежен јавен обвинител.

Неофицијално, станува збор за докторот Дејан Ставриќ.