ВИДЕО: Уапсена мајката осомничена за убиство на осумте деца

Мајка од Австралија е уапсена за убиство на осумте што беа пронајдени мртви во градот Кернс, од кои седум биле нејзини. Осмото дете ѝ било внука.

Името на жената сè уште не е објавено, но полицијата соопшти дека оваа 37-годишна жена е уапсена за убиството. Полицискиот инспектор рекол дека мајката сега е будна и свесна откако беше хоспитализирана поради убодни рани. Според Асошиејтед прес, властите не кажале како точно биле убиени децата, кои беа пронајдени во домот на жената. Тие рекле дека ги истражуваат многуте ножеви во куќата како потенцијално оружје.
Децата беа на возраст од 18 месеци до 15 години.

Жената во моментов разговара со полицијата, а иследникот врши аутопсија на телата на децата за да ја утврди причината за смртта.

Австралискиот премиер Тони Абот рекол дека ова е „трогателна“ вест.

„Сите родители треба да чувствуваат огромна тага поради ова што се случи. Ова е невидено злосторство“, рекол Абот.