ВИДЕО: Уапсени 14 Американци поради детска порнографија

Американската полиција приведе 14 монструми, осомничени дека поседувале содржини со детска порнографија. Со приведување на овие педофили се спасни 251 дете.

Некои од уапсените мажи на страницата биле регистрирани под женски имиња со цел на социјалните мрежи полесно да стапат во контакт со децата кои биле на возраст од три до 17 години.

Единаесет обвинети се уапсени во Луизијана, а сите се осомничени за одржување сајт на кој имало повеќе од 27.000 корисници. Властите идентификувале и стапиле во контакт со 251 жртва, лицирани во 39 американски сојузни држави, како и во Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Белгија.