Видео: Уапсени 4 лица во акцијата „Мрежа“

Министерството за внатрешни работи во акцијата „Мрежа“ која е посветена на сузбивање на криминалот со наркотични средства, уапси четири лица, државјани на Република Македонија.

При извршените претреси на домовите на четирите лица пронајдени и одземени се 9 полиетиленски пакувања исполнети со растителна материја, марихуана, со вкупна тежина од околу 9 кг, една полиетиленска кеса исполнета со мала количина на растителна материја, марихуана, една полиетиленска кеса и една хартиена паковка исполнети со мали количи од прашкаста материја, пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм.

Од досега преземените мерки утврдено е дека Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со ПМВ марка Мерцедес со бугарски регистарски ознаки, од Скопје се упатиле кон Битола каде оствариле средба со лицето С.Љ.(1980), со цел да организираат набавка на наркотична дрога марихуана. По остварената средба сите заедно се упатиле кон локација каде ја набавиле неутврдената количина на растителна материја, најверојатно марихуана. По извршената набавка, С.Љ. се вратил во Битола, а лицата Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со горенаведеното ПМВ се упатиле кон Скопје со цел да ја транспортираат набавената растителна материја, најверојатно марихуана.

Нешто подоцна во ресторантот „Премиер“ во Битола лишено е од слобода и лицето С.Љ.(1980) од Битола, за кој постојат основани сомневања дека ги снабдил со растителната материја лицата што ја превезувале дрогата.

Во текот на вчерашниот ден, екипи на МВР извршило претрес во домовите на пет лица, и тоа две од Скопје и три од Битола.

При извршениот претрес на домот кај С.Љ.(1980) од Битола пронајдено е 300 гр. растителна материја, најверојатно марихуана, додека при претресот во домот на лицето Ц.Г.(1969) од Скопје пронајдено е една полиетиленска кеса исполнета со мала количина на растителна материја, марихуана, една полиетиленска кеса и една хартиена паковка исполнета со мали количини прашкаста материја, пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм.

Од извршеното криминалистичко вештачење на растителната материја во количина од околу 9 килограми наркотична дрога марихуана. За пронајдената растителна материја во количина од околу 300 грама, полиетиленска кеса исполнета со мала количина на НН растителна материја, полиетиленска кеса и хартиена паковка исполнета со мали количини од НН прашкаста материја, пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм, вештачењето сеуште не е завршено.

МИнистерството поднесе кривични пријави против Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) од Скопје и против лицата С.Љ.(1980) и Т.Љ.(1972) од Битола, сите членови на криминалната група.

На сите лица изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.