ВИДЕО: Убавина и страв на небото на една снимка

Луѓето отсекогаш го кревале погледот кон небото, без разлика дали тоа изгледа волшебно убаво или тмурно и страшно. Човекот отсекогаш е фасциниран со она што се случува над него.

Мајк Олбински направил одлична видео снимка со сјајни кадри од небото и на моменти воодушевувачки изглед и двежење на облаци.

Снимката, наречена Монсун 2 прикажува полн контраст на времето, од чисто, сино небо со по некој облак, до потполно сиви облаци и невреме со голем број грмотевици.

Меѓутоа, најфасцинатно е движењето на облаците на снимката, кои на моменти делува како да танцуваат и бегаат од камерите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.