ВИДЕО: Убиецот на Фејсбук објавил снимка од убиството на полициската двојка во Париз

Терористот на ИД Лароси Абала во живо го пренесувал на Фејсбук хоророт од моментот кога ја убил полициската двојка во Париз пред очите на нивниот тригодишен син, пренесува „Дејли Мирор“.

Абала ги убил Жан Батист Салвен и неговата сопруга пред очите на нивниот син, а потоа ги објавил фотографиите на Интернет, вели францускиот безбедносен експерт Дејвид Томсон.

Филмот и фотографиите се објавени на Фејсбук, заедно со оправдувањето на Абала за она што го направил.

На профилот на Абала, под името Мохамед Али утрово имало 13-минутно видео од убиствата и 15 фотографии, а потоа истите биле тргнати.

Француските медиуми споделуваат информации за дел од шокантните снимки каде тригодишното дете седнало зад Абала на софата а тој напишал:

Сеуште незнам што ќе правам со него!

Абала е роден во париската комуна Мен ла Жоли во близина на местото на убиството. Тој е осуден исламски екстремист кој се поврзува со криминалци што подготвувале терористички напади.

Сепак, иако бил осуден на три години, поминал само неколку месеци во затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.