ВИДЕО: Убиен навивач на Црвена Ѕвезда во Истанбул

Во пресрет на мечот од Евролигата меѓу Галатасарај и Црвена Ѕвезда, синоќа убиен е еден навивач на „црвено-белите“, јавуваат српските медиуми.

Станува збор за младо 25-годишно момче.

Другарите и навивачите го викаат Јагода, а жртвата се вика Марко Ивковиќ.

Прободен е смртно со нож во жестоката пресметка меѓу фановите на двата клуба што се случила непосредно пред мечот во Истанбул.

Околу 400 навивачи на Црвена Ѕвезда, популарните „Делије“ допатувале во турската метропола и сакале да влезат во салата „Абди Ипекчи“ иако немале влезници. Тие се судриле со полицијата, но и со навивачите на Галатасарај.

ovaenavivacottt