Свет

ВИДЕО: Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

ВИДЕО: Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

Во координирана акција, шестмината талибанци кои денеска претпладне ја нападнаа зградата на авганистанскиот Парламент, во Кабул, се убиени, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Би Би Си.

Според првичните информации, талибанците прво предизвикале експлозија на автомобил-бомба, пред зградата на Парламентот, а потоа насила, пукајќи од огнено оружје, влегле во зградата.

Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан
Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

Во моментот на нападот, во Парламентот се одржувала седница на која требаше да биде потврден изборот на новиот министер за одбрана Масум Станекзаи.

На нападот, реагирале авганистанските сили за безбедност, обезбедувањето на парламентарната зграда и полицијата, по што се развила силна вооружена пресметка.

Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан
Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

Полицијата соопштува дека најмалку 18 лица се повредени во текот на борбите.

Веднаш по првата експлозија, пред зградата на Парламентот, пратениците почнале да бегаат, напуштајќи ја салата во која заседавале и зградата.

Според извештаите на локалните медиуми, извесно време од зградата на Парламентот не се слушаат пукотници, но јавуваат дека на друг крај од Кабул дошло до друга експлозија.

Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан
Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

Во соопштение што талибанците им го испратиле на медиумите во Кабул  се вели дека нападот е намерно изведен денеска претпладне, за да се совпадне со гласањето за избор на нов министер за одбрана.

Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан
Убиени напаѓачите на парламентот во Авганистан

Авганистан веќе подолго време нема министер за одбрана, па набљудувачите во авганистанскиот главен град проценувааат дека денешниот координиран напад е порака до владата во Кабул.