ВИДЕО: Убиени терористите во областа каде што се урна рускиот „Сухои“

Руската и сириската армија ги убија терористите во областа каде што се урна рускиот „Сухои“, информира руското Министерство за одбрана, пренесува „Раша тудеј“.

Во моментот кога нашиот пилот беше на безбедно, областа беше бомбардирана од руските воздухопловни сили и гранатирана од артилеријата на сириската армија, изјави портпаролот на руското министерство за внатрешни работи Генерал Мајор Игор Конашенков.

Тој нагласи дека терористите и останатите „мистериозни групи“ биле убиени во нападот.

Еве како е урнат рускиот авион
Еве како е урнат рускиот авион

Конашенков исто така додаде дека турскиот Генералштаб не и дозволил пристап на Русија до било какви материјали поврзани со соборувањето на рускиот „Сухои“, додавајќи дека не добиле никакви снимки од радио комуникацијата помеѓу пилотите.

Во овој случај тоа е доказ дека аудио снимката од комуникацијата помеѓу турските пилоти и нашиот екипаж објавен од страна на дел од медиумите е фалсификат, рече тој.

Министерството за одбрана соопшти дека сите канали на воена соработка со Турција се во прекин од денес, меѓу кои и безбедната линија за размена на информации за руските воздушни напади во Сирија. Москва исто така го повлече својот воен претставник од Турција.

Во руската воздухопловна база во Латакија беше доставен С-400 САМ ракетен систем.

С-400 САМ ракетен систем
С-400 САМ ракетен систем

Сега ќе ја осигураме безбедноста на нашите авиони што се борат против милитантите на ИД и останатите терористички групи со преземање на посигурни мерки, вели Конашенков.

Руските воздухопловни сили извршиле 134 прелетувања во последните три дена и уништиле 449 цели во сириските провинции Алепо, Дамаск, Идлиб, Латакија, Хама, Хомс, Рака и Деир ер-Зор. Сите авиони безбедно се вратиле во базата.