ВИДЕО: Украинците го погребаа Путин

Членовите на општественото движење Ауто-Мајдан, во близина на руската амбасада во Киев вчера открија лажен надгробен споменик на кој на ликот на Владимир Путин му е додадена коса и мустаќи како оние кои ги носел Хитлер.

Сето ова било поттикнато со фактот дека Путин во јавност не е виден веќе неколку дена, што е убедливо најдолгиот период на негово отсуство во последните десет години.

Според некои од гласините, претседателот на Русија е болен и има грип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.