ВИДЕО: Украински хеликоптери го бомбардираат аеродромот во Доњецк

Украинските воено-полициски сили го бомбардираат аеродромот во Доњецк на истокот на земјата. Претставници на самопрогласената Доњецка Народна Република тврдат дека украинската војска напаѓа со седум хеликоптери и четири авиони, јавуваат руските медиуми.

Единиците на самоодбраната на Доњецк и украинската Национална гарда најпрвин се судриле во близина на железничката станица во Доњецк, откако три борбени хеликоптери извршиле жесток напад врз меѓународниот аеродром во Доњецк, кој е под контрола на народната милиција.Единиците на самоодбраната урнале еден воен хеликоптер во населбата Пески на пет километри од меѓународниот аеродром, пренесува Итар Тасс.Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Владислав Селезњов на својот Фејсбук профил напиша дека украинските авиони го уништиле системот за противвоздушна одбрана, кој бил инсталиран на аеродромот и наменет за напади врз украинската војска.

Хеликоптерите врз доњецкиот аеродром Сергеј Прокофјев, кој е под контрола на проруските бунтовници испукале ракети, наводно како одговор на противвоздушниот оган од земјата, и погодиле цели во близина на пистата, што предизвикало црн чад над аеродромот. Борбата за аеродромот траела околу три часа и била жестока и драматична, но аеродромот останал под контрола на бунтовниците.

Престрелката на аеродромот почнала непосредно по изјавата на победникот на претседателските избори во Украина Петро Порошенко, дадена на прес-конференцијата Киев, дека нема да преговара со „терористите“ во источна Украина.