Свет

Видео: Украинските нацисти жигосувале цивили

Видео: Украинските нацисти жигосувале цивили

Ова видео содржи сведоштва на заробеници кои биле мачени од страна на паравоените формации на украинската национална гарда.

Имено, припадниците на Националната украинска гарда ги жигосувале заробените “сепаратисти“ и цивили.

Во видеото, украинскиот граѓанин Станислав Станкевиќ говори за нацистичките техники во Краматорск врз заробениците и цивилите.

На 24 август тој бил заробен од припадниците на украинската Национална гарда. Тие го жигосувале, притоа со врело железо цртале по неговото тело, а исто така ги малтретирале и останатите заробени цивили, меѓу кои девојки, жени и деца.

Украинските нацисти под дејство на дрога на заробениците им го врзувале лицата и ги терале да одат по мински полиња каде што можеле да загинат, вели во своето сведоштво заробениот украински граѓанин.