Магазин

(ВИДЕО) Упсешно лансирана ракетата Falcon Heavy

(ВИДЕО) Упсешно лансирана ракетата Falcon Heavy

Сакајќи да ја докаже технолошката надмоќ на своите компании „SpaceX“ и „Tesla“, Илон Маск со ракетата Falcon Heavy го испрати прототипот на новиот Roadster во вселената. Со своите 27 мотори, таа е најмоќната ракета во светот. Тежи 1.420 тони и има носивост од 64 тони, што е колку целосно оптоварен „Boeing 737“ сосе патници.

Едно лансирање на „Falcon Heavy“ чини 90 милиони долари, но е  и трипати поевтино од досегашните трошоци.

Товарот на врвот од „Falcon Heavy“ е автомобилот „Тesla Roadster“, кој доколку лансирањето биде успешно ќе биде првиот автомобил испратен во орбитата на Сонцето.

Една консултантска компанија на Илон Маск му го честиташе успешното лансирање со несакани „честитки“ за квалитетот на калифорниските електрични возила. Имено, инженерите на „Munro & Associates“ земаа  примерок на „Model 3“, го расклопија и проучија, по што за грешките што ги открија кратко заклучија дека „се видливи од Марс“. Долгото објаснување е проследено со долг список забелешки, сите со квалификации во стилот „воопшто не е јасно како нешто вакво може да излезе од погоните“ и слично.