ВИДЕО: Ураган дигна во воздух водопад во Хрватска

Орканската бура која минатата недела ја погоди Хрватска рушеше дрва, фасади, носеше автомобили со себе… Но, создаде и еден природен феномен кој беше снимен од страна на случајните минувачи.

Имено на ЈуТјуб се појави снимка на која се гледа несекојдневна сцена на водопадот Тополски бук, кој на три и пол километри е оддалечен од Книна.

Ветерот кој беснееше, го промени правецот на водата која сливаше низ водопадот, па водата покрај нормалниот пад, се дигаше и во воздух.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.