ВИДЕО: Урнат еден од најголемите затворени стадиони во САД

Властите во американската сојузна држава Џорџија вчера, го урнале стадионот „Џорџија Доум“, во градот Атланта.

Новиот стадион, чие име е „Мерцедес Бенз“, е во близина на стариот и е изграден годинава, а неговото свечено отворање беше на 17 август.

„Џорџија Доум“ беше домашен стадион на тимот „Атланта Фалконс“. Капацитетот на стадионот, кој е од затворен тип, се движи меѓу 50.000 и 80.000. Изграден бил во 1992 година, а во своето 25-годишни постоење на овој стадион се одржале околу 1.500 настани, кои ги посетиле 37 милиони луѓе.

Според својот капацитет, „Џорџија Доум“ беше вториот најголем стадион од затворен тип во светот.