Видео: Урнебесен обичај: Ако сте сингл во 25-тата треба да ве потурат со цимет

Во Данска постои традиција дека луѓето треба да се посипат со цимет кога ќе наполнат 25 години, а сеуште не се во брак. Добро прочитавте, цимет и тоа не во мали количини.

Големи вреќи со цимет им се истураат врз глава на неомажените и неоженетите луѓе. Доколку до 30-от роденден не сте во брак, зачинот станува многу полош, врз глава треба да ви се посипе бибер.

posipanje-zacinima-u-danskoj-1420903660-53291

Традицијата датира од 16-от век, кога трговците биле премногу зафатени со патувања и продавања на зачини и немале време да пронајдат партнер за да основаат дом.

Затоа следниот пат кога некој ваш пријател наполни 25 или 30 години, можете да го полиете до некој зачин и само да му кажете дека се обидувате да ги проширите културните видици!

Еве како оди полевањето: