(Видео) Уругвај во финишот го победи Египет

Уругвај со 1:0 го победи Египет со голот на Хозе Мариа Хименез во 90. минута од мечот одигран во Екатеринбург, а на кој, иако беше најавено, не настапи ѕвездата на египјаните, Мохамед Салах.

Јужноамериканците беа подобар противник, но не се прослави Луис Суарез, откако асот на „Барселона“, кој промаши зицер од пет метри во средината од првото полувреме, а потоа беше непрецизен на стартот од вториот дел. Суарез имаше уште една можност кога излезе сам пред египетскиот голман, но одбра дриблинг наместо шут, па не го погоди голот.

Единсон Кавани беше многу порасположен од својот репрезентативен колега, но среќата му го сврте грбот на голгетерот на ПСЖ. Тој во последните десет минути имаше два извонредни обиди, при првиот голманот извонредно интервенираше, за потоа Кавани од слободен удар во 88. минута да го затресе само дирекот од египетскиот гол.

Иницијативата во крајот сепак вроди со плод во 90. минута, по еден скратен корнер највисоко скокна Хименез, кој со силен удар го матираше египетскиот голман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.