ВИДЕО: Уверен е дека го нашол малезискиот авион, никој не му верува

Шеесетгодишниот искусен пилот, Мајкл Хобел е уверен дека го пронашол исчезнатиот малезиски авион, кој исчезна пред речиси два месеци.

Овој Њујоркчанец интензивно започнал да го бара авионот преку „ТомНод“, интернет страница која има посебен сервис на кој обичните корисници можат да ги пребаруваат сателитските снимки.

Хобел вели дка останал во шок откако го здогледал авионот целосен во еден дел на дното на морето, недалеку од североисточниот брег на Малезија. Уверува дека ги споредил димензиите на објектот кој го нашол со димензиите на авионот Боинг 777 и дека тие се идентични.

Се обидел да го извести американскиот одбор за сигурност, но досега не добил одговор. Се обидел да исконтактира и со ФБИ, но исто така безуспешно.

Откако неколку пати е воочен сигнал од црната кутија, подморниците безуспешно се обидуваат да го пронајдат авионот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.