недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

ВИДЕО: Ужасна смрт во затвор во Пула: Жив гори во самица, а стражарите се смеат

bojan-besic-1463173595-905695-520x351

Последни вести

Видео снимка на која се гледаат последните моменти од животот на 25-годишниот Бојан Бешиќ, кој изгоре во самица во затворот во Пула во ноември минатата година осамна на Интернет.

Бојан поминал по затвори вкупно пет години. Последната казна од 8 месеци ја служел поради закани кон поранешната девојка и незаконска употреба на лични податоци. Настрадал два месеци пред да излезе на слобода. Бојан се запалил во гумена соба, односно во самица. Пламенот се проширил, а стражарите не реагирале. Се задушил, а потоа неговото тело изгорело.

На снимката јасно се гледа дека извлекол запалка од десниот џеб, иако полицијата тврдеше дека ја криел во уста. Сакал да привлече внимание и да го извлечат од самицата. Повеќе пати се врти и гледа во камерата со чудење што никој не реагира, вели Ведран Бешиќ, брат на покојниот Бојан.

За овој случај многу се зборуваше во Пула, но јавноста многу малку знае.

Еден притвореник изјавил дека бил сведок на настанот. Додека горела ќелијата, чадот се чувстувал низ целиот затвор, се слушале пискотници, а тој ги чул стражарите како зборуваат дека ќе го остават малку да се потпече за да му дојде паметот. Во меѓувреме, вратата се раширила од топлината и било невозможно да го извлечат, па жив изгорел.

Најчитани вести