(Видео) Ужас- ИСИС регрутира деца!

Екстремната исламска милитантна група ИСИС, како и нивната спротивставена страна – шиитските доброволци, регрутираат деца во своите борбени редови, пишува Индепендент, пренесоа медиумите.

На снимките кои пристигнуваат од градот Мосул, кој е под контрола на бунтовниците, се гледа дека ИСИС користи деца војници. Снимките од воениот конвој кој минува низ освоениот град, покажува деца кои седат во камиони, а во рацете носат оружје. Покрај тоа, во вторникот се појавиле и снимки од деца кои ИСИС ги охрабрува да гледаат ликвидации.

Human Rights Watch тврди дека бунтовниците во Сирија регрутираат деца како снајперисти. Бројот на загинати деца во Ирак е непознат, но снимките покажуваат дека во борбата ги вовлекуваат и двете страни.

Исто така постојат снимки  на кои се гледаат деца со оружје, кои им се приклучуваат на возрасните шиитски доброволци во борбата против екстремистите.

Религиозните и етничките поделби во Ирак се длабоки, а курдскиот премиер Масуд Барзани верува дека жителите се соочуваат со “новата реалност во новиот Ирак”.

Џон Кери, американскиот државен секретар барал од курдскиот лидер да го поддржи Багдад во борбата против ИСИС, но Барзани вели дека му тешко да замисли дека Ирак ќе остане целосен.