Свет

(ВИДЕО) Ужас во Нигерија: Сечете им ги главите, но не ги јадете

(ВИДЕО) Ужас во Нигерија: Сечете им ги главите, но не ги јадете

Нигериецот Абубакар Шекау во видеото на своите следбеници им нареди со сите сили да се борат за Алах и на оние кои се спротиставуваат на неговата волја, на непријателите, да им ги сечат главите, да ги касапат, но да не ги јадат. Шекау им  рекол да се борат против се’ што не е муслиманско и ги предупредил дека ова се строги правила и мора да ги почитуваат бидејќи тоа е желбата на Алах.

Во најновото видео кое Шекау го објави преку агенцијата Франс Прес, тој ја превземал одговорноста за нападот на 22 декември, со кој се уништени 21 тенк во воената база во градот Бами. Шекау нагласил дека неговите војници тогаш биле подготвени да ги изедат лешевите на убиените непријатели, но тој им рекол да не го прават тоа.

Екстремистичкиот лидер во видеото се потсмева на светските лидери, нигерискиот претседател Гудлак Џонатан, американскиот претседател Барак Обама, првиот човек на Франција, Франсоа Оланд и британската кралица, Елизабета Втора.

„Тие треба да се срамат што поверуваа на изјавата на нигериската војска дека сум мртов“, рекол Шекау порачувајќи им на Христијаните дека им е подобро да не одат во своите цркви за време на светите муслимански месеци.

Лидерот на Бока Харам е еден од најтражените терористи во светот. За него има издадено потерница со награда од над 300 илјади долари.