ВИДЕО: Вака звучат 45 милиони долари

Гудачките инструмени кои што во 18 век ги направил италијанскиот мајстор Антонио Страдивари се сметаат за најдобрите. Оваа пролет куќата Сотби се подготвува за аукција на виола од Страдивариус со почетна цена од 45 милиони долари, а сега иамме и прилика да чуеме како таа звучи.

Виолата е направена меѓу 1700 и 1720 година во период што се смета за врв во работата на Страдивари.

Свирењето на виолина или виола направена од Страдивари е посебна чест за сите музичари, кои знаат дека нивната изведба ќе биде оплеменета со единствениот звук каков што само страдивари можел да го постигне.

Виолинистот Дејвид Арон Карпентер добил прилика да свири на оваа исклучителна виола, една од 10 кои постојат. Карпентер на виолата вредба 45 милиони долари ја отсвирел „Suite no.3“ во Ц – дур, а снимката ја објави „Њујорк Тајмс“.