ВИДЕО: Вакцината против ебола безбедна за луѓето

Вакцината за ебола е безбедна за луѓето, покажале најновите резултати од истражувањата спроведени од страна на тимот научници од американскиот Национален институт за здравје.

Тие се оптимисти кога станува збор за оваа вакцина. Американските научници велат дека вакцината е безбедна за луѓето и дека истата е создадена со цел да стимулира поголемо производство на антитела на ебола во човечкото тело. Исто така најавуваат поголеми тестирања во текот на наредната година.

Вакцината немала поголеми негативни последици.

Според податоците на Светската здравствена организација досега од вирусот на ебола починале најмалку 5.700 лица.