(ВИДЕО) Ве водиме во хотел за разведени

Сега навистина постои место од песната на Елвис Присли „Heartbrake Hotel”. Имено, уплатете си на себе и на наскоро поранешниот брачен другар, различен вид на љубовен аранжман.

Хотелот се вика „The Gideon Putnam Resort” во Њујорк, а од неодамна нуди „викенд пакети за разведени“ поточно за двојки кои наскоро ќе бидат. Што е уште побизарно, во својата понуда и понатаму организираат романтични венчавки и одмори.

Иако оваа понуда се уште не е објавена на нивната официјална страница, Њујорк Пост откри дека цената на пакетот изнесува 5000 долари.

А, што точно нуди овој хотел? На своите корисници им овозможува мирен развод и размислување за се во амбиент на раскошната природа и спа-третман. Има и професионалци кои пружаат поддршка во ваквите животни ситуации.