Видео: Вечерва премиера на Ајфон 6

Во калифорниската силиконска долина вечерва ќе биде претставен Ајфон 6, најновиот паметен телефон на кој се работеше четири години.

Сите недоумици за супермоќите на новиот паметен телефон од компанијата Епл ќе бидат разрешени денеска во 19 часот.

Она што е познато е дека најновиот модел на ајфон има поголем екран од претходниот модел, изработен е од стакло кое е отпорно на гребење.

Како што велат стручните лица, овој паментен телефон е направен за деловните луѓе, може да послужи и како платежна картица, да укажува на здравствената состојба на корисникот и да му ја предвидува големата популарност на пазарот.

Ајфон 6 во продажба ќе се појави во 2015 година, а цената сеуште не е објавена.