ВИДЕО: Велигденска декорација што просто ќе ја обожавате

Ова е мошне интересна декорација за Велигден што можете да ја направите сами, а се што ви е потребно се некои работи што веќе со сигурност ги имате дома.

За оваа декорација ќе ви биде потребно: 1 чорапа, ориз, ножици, селотејп (опционално), волна, лента и маркер.

Прво почнувате да ја полните чорапата со ориз, 2/3 до врвот.

Одделете го од чорапата местото каде што ќе биде главата. Делот без ориз ќе бидат ушите на зајакот, така што и тоа треба да го имате во предвид додека ја оформувате главата. Парчето волна, односно конец би требало да  биде околу вратот, како и на основата, т.е. на почетокот на ушите.

Земете ножици и исечете ги ушите на два дела… Околу вратот ставете украсна лента и на крај на вашиот зајак нацртајте му лице со маркер.

Деталното упатство погледнете го во видеото!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.