четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Велигденски јајца на украински начин

За сите оние што уживаат да бојадисуваат јајца за Велигден и притоа имаат време целосно да му се посветат на тој процес еве едно интересно видео.

SONY DSC

SONY DSC

Поврзани вести

За сите оние што уживаат да бојадисуваат јајца за Велигден и притоа имаат време целосно да му се посветат на тој процес еве едно интересно видео.

Ако сакате вашата велигденска трпеза да изгледа мошне живописно, а јајцата да бидат вистински мали уметнички дела, тогаш би можеле да ги украсите јајцата како што тоа го прават домаќинките од Украина.

Велигденските јајца во Украина се украсуваат на традиционален начин и мошне е вообичаено за време на Велигден да се видат на трпезата. Јајцата се украсуваат со помош на восок, посебен алат, а шарите на нив се традиционални шари од украинската култура.

Тие често се украсени со разни линии и геометриски фигури како квадрати и триаголници.

ukrainski-veligdenski-jajca-2

Секоја фигура на јајцето има одредено значење, па така триаголникот го симболизира Светото Тројство, точките ги претставуваат солзите на Богородица, додека спиралите симболизираат вечност.

Во украинската традиција, велигденските јајца често се украсуваат и со растителни мотиви, што исто така имаат значење, па цвеќето претставува убавина и мудрост, овошјето предаденост и љубов, а класот пченица благосостојба. Ретко се отсликуваат животниски мотиви, а тие претставуваат сила и здравје.

Како тече целата постапка за изработка на овие живописни велигденски јајца, погледнете во приложеното видео:

Најчитани вести