ВИДЕО: Велигденско јајце со илјада дијаманти

Традиционалните чоколадни јајца кои што често се купуваат во текот на Велигденските празници очигледно веќе се “досадни” за оние со малку подлабок џеб, па така, неодамна беше претставено најскапото дијамантско велигденско јајце.

Станува збор за неверојатната креација наречена “The Mirage Egg”, кое чини неверојатни 8,4 милиони долари. Истото е во сопственост на мистериозен колекционер на скапоцени предмети.

Ваши Домингез, трговец со дијаманти, вели дека мистериозниот сопственик не сака да го продаде ова ремек-дело, меѓутоа дека кога некој би сакал да го купи, тој можеби ќе се согласи на одреден договор.

Јајцето е украсено со скапоцени капења и има вкупно 1.000 дијаманти на самата површина, додека внатрешноста е изработена од 18 каратно злато.

Во внатрешноста е сместен и кристалниот гулаб исто така изработен од злато.

За изработката на јајцето биле потребни три години, а на истото работеле најголемите занаетчии со потекло од три континенти.