ВИДЕО: Верушевски на распит во Обвинителството за организиран криминал

Првоосомничениот во аферата „Пуч“, ексразузнавачот Зоран Верушевски попладнево беше на распит во јавното обвинителство за организиран криминал, пишува Пресс24.

Порталот, повикувајќи се на сопствени информации, објавува дека Верушевски кај обвинителите се задржал повеќе од еден час и оти му биле предочени дел од доказите до кои дошла истрагата. Непознато е дали Верушевски овој пат дал исказ и своја одбрана.

Ова не е прв пат тој од истражниот затвор во Шутка да биде пренесен во Јавното обвинителство, но според досегашните сознанија тој до денеска не дал одговор на обвинувањето. Предходно на распит беа повикани и останатите осомничени меѓу кои е и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Зоран Верушевски го напушти обвинителството во 19 часот.

Погледнете го видеото од распитот кое го објави ТВ Сител.